Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција затвора 4 џамии, која е причината?

Франција затвора 4 џамии, која е причината?

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернард Казнев нареди да бидат затворени четири џамии во кои има сомневање дека се проповеда радикална идеологија, пренесоа американските медиуми.

Тој ова го наложи вчера, се вели во соопштението на владата. 

„Под превезот на религијата, на овие места се одржуваат средби чија цел всушност е промоција на радикална идеологија"- се вели во комуникето.

Во него не се споменати кои се џамиите, туку само дека се наоѓаат во источниот, западниот и северниот дел на Париз.


Слично

Поврзани вести