Франција забележа економски раст на ВБП за 0,5 отсто
Внатрешниот бруто производ на Франција забележа пораст од 0,5 отсто во второто тримесечием што за специјалистите е неочекуван позитивен скок на француската економија, со оглед дека тоа е најголем пораст од првотот тримесечие на 2011 година.
Растот, според Националниот институт за статистика и економски студии (ИНСЕЕ) се должи на зголемената внатрешна потрошувачка. Зголемувањето на економскиот раст ги изненанди економистите кои предвидуваа раст од само 0,2 проценти за второто тримесечие.
Министерот за економија Пјер Московиси оцени дека овие броји „ги зголемуваат охрабрувачките знаци за економска реприза“.
„Овие бројки, поголеми од предвидувањата кои ги имавме на располагање, потврдуваат дека француската економија излегува од рецесијата (...) и тие ги зголемуваат охрабрувачките знаци за економска реприза“ – изјави Пјхер Московиси во соопштението за јавноста.
Во текот на минатиот месец е забележано и намалување на инфлацијата за 0,3 отсто, ова најмногу поради сезонското намаување на цените и намалувањето на свежите сезонски производи.
