Франција во шок: Русите ги преземаат африканските рудници со злато и дијаманти
Веќе неколку месеци наназад, западните медиуми објавуваат дека во Централноафриканската Република може да се забележат се поголем број Руси. а бидејќи се работи за држава која изобилува со злато и дијаманти и е поранешна колонија на Франција, интересот е оправдан.
Централноафриканската Република важи за држава која е една од најнестабилните, но воедно и една д најбогатите со природни ресурси, а во последно време покрај присуството на француската војска и мировните мисии, неретко се забележуваат и руски војници.
Во октомври минатата година, актуелниот претседател Фостен Арканж Туадер беше во официјална посета на Москва, каде се сретна со претседателот Владимир Путин, а два месеци подоцна Русија успеа да го укине ембаргото за праќање на оружје, а дополнително испрати и војска 170 цивилни инструктори кои треба да ја обучуваат војската на оваа земја.
Ова е голем удар за Франција која не само што претходно почна да ја губи територијата поради влијанието на Кина, туку сега не може да најде начини да се спротивстави на Путин.
Централноафриканската Република има одлична местоположба, а тоа дополнително и одговара на Русија, бидејќи е во одлични односи со Конго и Судан, а се верува дека Путин како и голем број руски бизнисмени дебело ќе профитираат од соработката со земја која е позната по богатите рудници со злато и дијаманти.
