Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција веќе нема принудно да стерилизира транссексуалци

Франција веќе нема принудно  да стерилизира транссексуалци

Транссексуалците во Франција денеска се радуваат поради амандман во законот, според кој веќе не е задолжителна стерилизација при промена на полот. Амандманот, воведен вчера, дава право на возрасни и малолетни државјани на државата да го сменат полот на суд, без да се подложуваат на присилна стерилизација, пренесува Би-Би-Си. Борците за права на ЛГБТ (лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци) општеството во Франција го определија амандманот како „напредок, во кој уште една европска земја се ослободи од срамниот чин на стерилизација“.

Во Франција, дури и по амандманот во законот, луѓето кои сакаат да го сменат полот, мора да го посетат судот, за да биде признаена промената. Активисти од ILGA-Еurope ги одредуваат Данска, Малта, Ирска и Норвешка како примери за односот кон транссексуалците. 

- Данска, Малта, Ирска и неодамна Норвешка направија избор да го почитуваат телото на човекот и неговото право да се декларира, се вели во изјавата. 

Во овие земји транссексуалците сами го определуваат полот и не мора да се поминува низ специјални процедури за промена на документите. Принципот на самоопределување беше застапен и од Советот на Европа.


Слично

Поврзани вести