Франција тоне, сметаат Французите
Три четвртини од Французите сметаат дека нивната земја тоне на економски план, покажа анкетата на агенцијата ЦСА. Во анкетата, во која учествувале 2.004 испитаници, 74 отсто од анкетираните изјавиле дека еднаквоста не е доволно присутна во Франција, а дури 77 посто од нив изјавиле дека социјалната нееднаквост се проширила во последните години.
Две третитни од анкетираните сметаат дека актуелната економска криза е без преседан и дека ќе биде тешко да се излезе од неа без сериозни реформи.
Дури 88 отсто од испитаниците сметаат дека владата, било десничарска или левичарска, не води сметка за граѓаните, додека 75 отсто од нив имаат негативно мислење за политичките партии, 52 отсто за синдикатите, 49 отсто за медиумите, а 50 отсто за парламентот.
Слично
