Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција се вклучува во војната во Ирак?

Франција се вклучува во војната во Ирак?
Францускиот претседател Франсоа Оланд објави дека Франција во следните неколку часа ќе пристапи кон прва испорака на опрема за помош во Ирак. Тој додаде дека неговата земја е „подготвена да го заземе своето место во групата со САД и другите земји кои сакаат да одговорат на апелот од Советот за безбедност на ОН“. Засега нема информации во колкав степен е подготвен Париз да се вклучи во интервенцијата која преку воздушни напади и испорака на хуманитарна помош веќе ја започнаа САД. Во телефонски разговор со претседателот на ирачки Курдистан Масуд Барзани Оланд изразил подготвеност Франција „да застане во одбрана на цивилите - жртви на непрекинатите злосторства на Исламската држава“, објави Елисејската палата. Францускиот претседател ја истакнал својата решителност да ја мобилизира и останатата меѓународна заедница и додал дека од Европската унија веќе побарал итно да се донесат мерки за задоволување на главните хуманитарни потреби на Ирак. Франција во следните неколку часа ќе започне со испорака на првата опрема, се додава во соопштението.  
Слично

Поврзани вести