ФРАНЦИЈА: Саркози и официјално под истрага
Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози и официјално е под истрага поради сомненијата за незаконски дејства во судскиот процес за финансирање на неговата изборна кампања. Тој се соочува со обвинение дека „тргувал со својата моќ и влијание“.
Истрагата беше формално отворена 15 часа по распитот на Саркози, а ако судот го прогласи за виновен може да му биде изречена казна затвор од 10 години.
Обвинителството се сомнева дека Саркози го злоупотребил своето влијание за да добие информации за процесот што се води против него за нерегуларно финансирање на кампањата за претседателските избори во 2007 година, кога победи.
Ова е вторпат Саркози да се најде под истрага откако го загуби претседателскиот имунитет во 2012 година, кога на изборите го победи социјалистот Франсоа Оланд.
Поранешниот претседател на Фрабција ги негира сите обвиненија против него. Според францускиот закон, да се биде под официјална истрага значи дека постојат докази за најверојатна вмешаност на осомничениот во противзаконските дела.
Претходникот на Саркози на претседателската функција Жак Ширак, кон крајот на 2011 година беше прогласен за виновен за проневера на државни пари и осуден условно на две години затвор.
Слично
