Франција потврди дека во Харков загинал нивни доброволец
Француски доброволец е убиен во Харков во Украина.
Тој загина борејќи се во Украина, потврди француското Министерство за надворешни работи.
„Свесни сме за тажната вест дека еден француски државјанин е убиен за време на борбите во Украина. Ги потсетуваме сите дека цела Украина е воена зона. Во овој поглед, не се препорачува патување во Украина од која било причина“, велат од Министерството за надворешни работи.
Неделава француски новинар загина во близина на градот Севереодонецк.
Русија тврди дека нивните војници убиле стотици платеници и велат дека тие не се доволно обучени. Британци, Хрвати и доброволци од други земји се борат на страната на Украина. Русија предупреди дека тоа што Западот ја помага Украина со оружје ќе донесе многу страдања.фото Принтскрин
Слично
