Франција одбележува година од нападите во Париз
Терористите удрија на 7 места, при што загинаа 130 лица.
Париз и цела Франција се сеќаваат денеска на жртвите на нападите извршени во француската престолнина пред една година кога загинаа 130 лица, пренесе Франс прес.
Во главниот град ќе бидат организирани неколку Комеморативни церемонии во близина на седумте локации поразени пред година од атентаторите. Во близина на Стад де Франс, местата „Каријон", „Бон биер", „Контоар Волтер", „Живина Камбоџа", „Бел тим" и концертната сала Батаклан ќе бидат откриени спомен плочи. Таму ќе се соберат политичари, претставници на властите, блиски на убиените, преживеани од нападите, туристи. На одбележувањето ќе присуствуваат, францускиот претседател Франсоа Оланд и градоначалникот на Париз, Ан Идалго.

