Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција не го прифаќа протерувањето на нивниот амбасадор oд Нигер

Франција не го прифаќа протерувањето на нивниот амбасадор oд Нигер

Франција не го признава протерувањето на својот амбасадор Силваин Ите од Нигер.

Државата синоќа објави дека не го признава налогот, сметајќи дека „пучистите немаат овластување“ да издаваат таков налог, пренесе Франс прес. 

Воениот режим, кој со државен удар ја презема власта во Ниамеј на 26 јули, вчера на францускиот амбасадор му даде рок од 48 часа да ја напушти земјата.

Објаснувањето за ова барање е тоа што Ите наводно одбил „да одговори на повикот“ да отиде во Министерството за надворешни работи на Нигер.

Новите власти на Нигер како причина за протерувањето спомнаа и „други акции на француската влада кои се спротивни на интересите на Нигер“.

Франција е со став дека единствениот легитимен авторитет во Нигер останува демократски избраниот претседател Мохамед Базум, кој беше урнат во пучот. Базум сега е во домашен притвор во претседателската палата.

Париз на почетокот на август го отфрли откажувањето на воените договори со Франција.

Франција во Нигер има 1.500 војници кои требало да им помагаат на властите во борбата против џихадистичките групи.

Тие групи, ограноци на Ал каеда и Исламска држава, со години прават нереди. 

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Нигер, Муса Салау Барму, кој беше назначен од бунтовниците, наредил вооружените сили на земјата да бидат ставени во максимална готовност.

foto EPA

Слично

Поврзани вести