ФРАНЦИЈА МАСОВНО ТРАГА ПО ЕМИЛ: Двегодишно момче исчезнало од домот на баба му и дедо му
По пријавата за исчезнувањето на двегодишно момче Емил на француските Алпи беше организирана масовна потрага, соопшти тамошната полицијата.
Момчето последен пат го виделе двајца сведоци како шетаат по улицата во близина на куќата на неговите баба и дедо во саботата попладне.
Како што пренесуваат медиумите, неговите баба и дедо живеат во зафрлено планинско село со само дваесетина жители недалеку од Ле Верн на Алпите во Горна Прованса помеѓу Гренобл и Ница.
Емил во саботата попладне си играл во градината на куќата на неговите баба и дедо во селото Ле Верн на Алпите Горна Прованса кога исчезнал.
Како што појасниле официјални лица, семејството се подготвувало да го напушти домот во кој престојувале кога Емил го искористил нивното невнимание. Неговите баба и дедо кога дошле до автомобилот забележале дека детето го нема никаде.
Бабата и дедото потоа ги известиле властите за исчезнувањето на Емили околу 17:15 часот, кога членовите на семејството, полицијата, итната помош и локалните жители почнале да трагаат по момчето.
Почетната област за пребарување од 5 километри била проширена, а по момчето се трагало и со хеликоптер, дрон со термална камера и кучиња трагачи...
Властите дури пристапиле и кон затворање на селото, додавајќи дека „никој не е привилегиран или исклучен“.
Областа околу Ле Верн е опкружена со шума и е популарна кај планинарите.
Емил, кој по потекло е од место во близина на Марсеј, бил забележан од две лица додека излегувал од куќата на баба му и дедо му. Сепак, тие на полицијата и рекле дека „го изгубиле од вид“.
Полицијата досега ги пребарала сите куќи во селото и ги поканила сите со какви било информации да се јават.
По неколкудненвата потрага, полицијата во средата соопшти дека ја прекинува физичката потрага по момчето и наместо тоа ги разгледува информациите што ги собрале досега.
Emil had disappeared. The boy was last seen on Saturday in the small hamlet of Haut-Vernet.The toddler had stayed with his grandparents. Neighbors last saw it alone in an alley in the hamlet near Digne-les-Bains on Saturday. pic.twitter.com/FJPqi3pt26
Во изјавата дадена за новинската агенција АФП, обвинителката Реми Авон рече дека материјалните докази собрани претходните денови ќе бидат испитани.
„Судската истрага за причините за исчезнувањето ќе продолжи, особено со анализа на информациите и елементите собрани во изминатите четири дена.
Тој исто така призна дека има многу малку индиции за исчезнувањето на малото дете и додаде дека крвната дамка пронајдена во автомобилот била испратена на анализа, но било утврдено дека е од животно.
Претходно, полицијата и жандармите влегоа во секоја зграда во малата населба каде што исчезна Емил - а околу 500 доброволци помогнаа во потрагата, пребарувајќи ги шумите и полињата околу селото.
Фото: Принтскрин/Твитер
