Франција ќе треба да ја извлече Европа од безнадежноста?
Нова иницијатива поведе францускиот претседател Франсоа Оланд. Според него, ако Европа не напредува, таа ќе пропаѓа и ќе се губи од светската карта.
„Моја должност е да ја извлечам Европа од нејзината потиштеност и да го надминеме оддалечувањето на народите, што може да ја загрози иднината на Европската унија“, изјави Оланд на својата првата годишнина од стапувањето на фунцијата претседател на Франција.Оланд исто така повика на формирање економска влада на еврозоната чија функција ќе биде изработка на единствена буџетска и даночна полотика на европските земјиЕкономското управување на ЕУ, младите, енергетиката и европската интеграција се четирите точки од новата европска иницијатива.
Слично
