Франција ќе ја забрани употребата на електонски цигари на јавни места
Забраната за пушење на јавни места во Франција треба да се однесува и на електронските цигари, смета францускиот министер за социјални работи и здравство Марисол Турен.
Француската министерка посакува забраните за класичните цигари да се применуваат и за електронските цигари, околу што сега постои правна празнина.
- Електронската цигара не е банален производ. Ние треба да ги спроведеме истите мерки како и за тутунот. На еден начин да не се дозволува да се пуши на јавни места. Нејзината продажба да биде забранета за малолетниците под 18 години и да не може да се прави реклама за неа, изјави денеска Турен.
Оваа заложба на Турене е во рамките на напорите на француското Министерство за здравство за борба против пушењето, од чии последици годишно умираат околку 73.000 лица. Кампањите против пушењето ќе бидат посебно насочени кон младите и бремените жени.
