Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА ЌЕ ГЛАСА НА 30 ЈУНИ: Дали Макрон планира да поднесе оставка?

ФРАНЦИЈА ЌЕ ГЛАСА НА 30 ЈУНИ: Дали Макрон планира да поднесе оставка?

Шефот на француската држава, Емануел Макрон денеска изјави дека нема намера да поднесе оставка независно од резултатите од претстојните парламентарни избори.

Макрон во неделата навечер ги распушти владата и парламентот, закажувајќи предвремени избори во Франција за 30 јуни, откако неговата партија претрпе пораз на изборите за Европскиот Парламент(ЕП).

„Институциите се јасни, како и местото на претседателот без разлика на резултатот“, рече Макрон за француски Фигаро, пренесе Политико.

Партијата „Преродба“ на Макрон освои нешто помалку од 15 отсто од гласовите, а Националниот фронт на Марин Ле Пен освои нешто повеќе од 30 отсто од гласовите.

Француските левичарски опозициски партии најавија дека заеднички ќе номинираат кандидати на предвремените парламентарни избори подоцна овој месец за да се спротивстават на владата на претседателот Емануел Макрон и екстремно десничарското движење на Марин Ле Пен.

Како што објави Ројтерс, социјалистите, зелените, комунистите и екстремно левичарската партија ЛФИ („Неосвоена Франција“) повикаа во заедничка изјава за „алтернатива на Макрон и борба против расистичкиот проект на екстремната десница“.

Првите анкети за парламентарните избори покажуваат предност за партијата на Марин Ле Пен.

Слично

Поврзани вести