Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција ја забрани службената електронска пошта по 18 часот

Франција ја забрани службената електронска пошта по 18 часот
Француските синдикати постигнаа договор со работодавачите постигнаа договор според кој работниците во иднина нема да имаат обврска да ја проверуваат и да ја читаат својата службена електронска пошта надвор од работното време. Со договорот, кој е обврзувачки, се почитува духот на 35-часовното работното време во текот на една недела, што во Франција беше воведено во 1999 година. Во изминатите години, со оглед на растечката употреба на преносни компјутери и „паметни“ телефони, работодавачите се обидуваа да го изиграат законски одреденото работно време, принудувајќи ги своите вработени и дома да читаат службени email пораки и да завршуваат голем дел од обврските и по истекот на работното време. Со новата одредба ќе бидат опфатени околу 250 илјади работници, пред се во ИТ и консултантскиот сектор, вклучувајќи ги и вработените во француските претставништва на Фејсбук и Гугл. Ваквата одредба предизвика реакции и во САД, каде што сеуште не постои ограничување на работните часови во една недела, што предизвика раст на просечната продуктивност по работник за 400% во последните 50-тина години. Американците пресметале дека во моментов одработуваат 200 часа повеќе годишно во споредба со Французите.
Слично

Поврзани вести