Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

ФРАНЦИЈА ЈА НАЛУТИ РУСИЈА: Тоа не е поддршка за Украина, туку смртна казна

Франција дозволува Украина да ги користи нејзините ракети за напади длабоко во Русија. 

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, во интервју за Би-Би-Си, изјави дека украинското пукање со оружје кон Русија ќе биде чин на „самоодбрана“. Тој не потврди дали тоа веќе се случило. Москва силно ја критикуваше изјавата на Баро, а портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за државната новинска агенција ТАСС дека одобрението „не е поддршка за Украина, туку смртна казна за Украина“.

Франција се придружи на Соединетите Американски Држави(САД) и Велика Британија во сигнализирањето на Украина дека е дозволено да користи оружје со долг дострел против цели на руска територија, објави германската новинска агенција ДПА.

Оваа недела, Украина истрелала крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS од американско производство и британска Storm Shadow врз воени цели во Русија.  Украинската страна очекува дека во 2025 година војната може да заврши. 

Слично

Поврзани вести