Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција излезе од кризата?

Франција излезе од кризата?
Франција несомнено излезе од рецесијата. Ова го изјави францускиот министер за финансии, Пјер Московиси во интервју за Bloomberg . „Ќе биде потребно време пред сето тоа да се почувствува , се разбира . Јас велам сите да бидеме оптимисти , но не апстрактни , туку врз основа на фактите " , посочи францускиот министер . Претходно овој месец француската статистичка служба Insee објави дека стапката на раст на бруто домашниот производ ( БДП ) на земјата во оваа година ќе се врати на нивото пред кризата . Според Insee,  БДП-то на Франција во третиот квартал на оваа година не е променет . Во четвртиот квартал пак економијата ќе порасне за 0,4 отсто . Оттаму Франција ќе стане втора голема економија во еврозоната заедно со Германија , која се враќа кон темпото на економски раст пред кризата од 2008 година. Враќањето на економијата кон раст, по двете години на стагнација, дојде главно поради зголемувањето на потрошувачката и извозот. Според Московиси, стапките на економски раст во Франција се слаби , но позитивното е тоа што дека економското закрепнување во голема мера е благодарение на добрата домашна побарувачка и растот на побарувачката од страна на бизнисот.
Слично

Поврзани вести