Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)
Неколку стотици припадници на француските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз делови од Нова Каледонија по шестата ноќ на насилни немири на тој остров во Пацификот!
Групи тешко вооружени француски маринци и полиција патролираат во главниот град Нумеа, каде што улиците се преполни со урнатини и пожари по уште една ноќ на насилство. Засега официјално е потврдена смртта на пет лица, додека неколку стотици се повредени.
Француските власти очекуваат дека со доаѓањето на специјалните сили од Франција ситуацијата ќе биде ставена под контрола.
New Caledonia riots: Tear gas, stun grenades used as protesters swarm airport runway https://t.co/Afb3TIHRWs #Kanak pic.twitter.com/AyGanrGqbH
– Засилувањата ќе ги контролираат областите кои ни се лизнаа од раце во последните денови – изјави највисокиот француски функционер на Нова Каледонија, Луј Ле Фран.
Повеќе од 1.000 припадници на специјалните сили се испратени на островот и може да се видат како се движат низ Нумеа во црвени беретки со гас-маски и штитови за немири.
Новинарите на АФП во градската населба Магента пронајдоа изгорени возила и згради додека полициските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз многу делови од главниот град. Жителите јавуваат дека во текот на ноќта слушнале звук од ротори на хеликоптер, односно истрели и големи експлозии.
Загинаа двајца жандарми, едниот е застрелан во главата, а другиот е убиен во пријателски оган, соопштија официјални лица. Меѓу жртвите имало и тројца староседелци од заедницата Канак.
— Pluton (@Pluton45873221) May 18, 2024
Париз ја обвини сепаратистичката група позната како CCAT дека стои зад немирите. Десет активисти за независност се ставени во домашен притвор и властите ги обвинуваат за организирање насилство.
Нова Каледонија е француска колонија од 19 век и населението е поделено околу тоа дали архипелагот треба да остане под контрола на Париз или да стане независна земја.
Последниот циклус на насилство беше поттикнат од плановите во Париз да се воведат нови правила на Нова Каледонија кои би можеле да им дадат право на глас на десетици илјади жители што не се домородни, кои живеат на островот повеќе од 10 години. Групите за независност велат дека тоа ќе го намали гласот на домородните Канаци, кои сочинуваат околу 40 отсто од 300.000 население. Би-би-си наведува дека во последните 25 години околу 40.000 француски граѓани се преселиле во Нова Каледонија.
New Caledonia is more independent than Azerbaijan. Azerbaijan has been enslaved by the Aliyevs for more than 30 years. https://t.co/PIRQpDvRIl
— Emin Bred (@emin_bred) May 18, 2024
Француската влада укажа на вмешаноста на „азербејџанските актери“ во насилните протести и го продлабочи дипломатскиот спор меѓу двете земји.
Баку ги негираше тврдењата.
