Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција им дава по 2 500 евра на мигрантите доброволно да се вратат во своите земји

Франција им дава по 2 500 евра на мигрантите доброволно да се вратат во своите земји

Франција им нуди на мигрантите 2 500 евра доброволно да се вратат во своите домови, а понудата важи до 31 декември.

Француските власти се надеваат дека така навистина ќе го зголемат бројот на добоволни заминувачи, посебно после уривањето на мигрантскиот камп Џунгла кој до неодамна беше дом на илјадници луѓе во Кале.


Освен тоа, мигрантите ќе може да добијат и до 10 000 евра финансиска помош како би застанале на нозе кога се вратат во домовите.

„Зависно од државата, тоа би им помогнало да покренат мал бизнис“, рекол Дидијер Леши, шеф на имиграционото одделение.

Оваа великодушна понуда е покрената после уривањето на кампот Џунгла кога се евакуирани 7000 луѓе. Како што пренесуваат странските медуми, 3 051 мигранти се вратиле во татковината благодарение на оваа француска програма.

Меѓу заинтересираните има најмногу Авганистанци.

Слично

Поврзани вести