Франција и Германија ги предупредија туристите да не патуваат во Израел
Француската Влада им препорача на своите граѓани да ги избегнуваат патувањата во Израел, додека најголемата германска туристичка компанија ТУИ ги откажа сите аранжмани за оваа земја до крајот на месецот.
Министерството за надворешни работи на Франција ги советува граѓаните да не заминуваат во повеќе израелски градови кои се цел на ракетни напади од палестинското радикално движење Хамас.
Париз не препорачува посети на стариот град Ерусалим, Тел Авив и Хаифа, областите околу Појасот Газа, каде се градовите Сдерот, Ашкелон, Бер Шева и Ашдод.
„Министерството препорачува да се избегнат посети на околу 40 километри од Појасот Газа - колку што е дострелот на ракетите што ги користи Хамас“, се наведува во соопштението, во кое на посебна внимателност се предупредува околу бегалските и израелските населби на палестинските територии.
Најголемата германска туристичка ТУИ соопшти дека од денеска ги откажува сите аранжамни за Израел до крајот на месецот заради ерупцијата на насилство во регионот.
„ТУИ Германија реагира на моменталната ситуација во Израел и ги откажа сите патувања во таа земја до 31 јули“, наведено е во соопштението од компанијата, која додава дека ќе ги контактира оние кои резервирале патувања за следните три недели.
Клиентите кои планирале пакет патувања или резервирале хотелски соби во Израел до крајот на јули, Министерството за надворешни работи на Германија ќе ги информира за советите за патување во оваа земја и ќе бара од нив повторно да ги преиспитаат своите планови пред да заминат во оваа земја.
Патниците можат да ги одложат или променат плановите за патување без дополнителни трошоци, ги информира ТУИ.

Слично