Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција го осуди нападот на САД на Венецуела - каков е ставот на Италија?

Франција го осуди нападот на САД на Венецуела - каков е ставот на Италија?

Франција го осудија нападот на САД на Венецуела, кој се случи денеска при што американските војници го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро. 

„Воената операција во која беше уапсен Николас Мадуро го крши принципот на неприбегнување кон сила, што е основа на меѓународното право. Франција смета дека никакво трајно политичко решение не може да се наметне однадвор и дека само граѓаните можат да одлучат за својата иднина“, напиша министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро на Икс.

Но, италијанската премиерка Џорџа Мелони ја опиша воената акција како легитимна и одбранбена. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека овие случувања претставуваат опасен преседан и е длабоко загрижен што правилата на меѓународното право не се почитувани.

Извор на ЦИА во венецуелската влада им помогнал на САД да го лоцираат Николас Мадуро во пресрет на неговото апсење од страна на елитните сили на американската армија, објавија „Си-Би-Ес њуз“и „Њујорк тајмс“. Тој бил дел од широка мрежа разузнавачки информации вклучени во операцијата, која била резултат на повеќе месеци прецизно планирање од ЦИА и Министерството за одбрана.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести