Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција: Европа треба да се заштити по победата на Трамп

Франција: Европа треба да се заштити по победата на Трамп

Според министерот за надворешни работи на Франција,  Жан-Марк Еро конфузните цели на  Доналд Трамп за надворешна политика треба да го загрижуваат и остатокот од светот. 

„Европа не треба и да трепне пред заштитата на своите интереси и граѓани сега кога победата на Доналд Трамп додаде уште несигурност кон онаа која се појави по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ. Франција е клучен американски сојузник и нашата влада отворено ја поддржуваше Хилари Клинтон во претседателската трка. Според Франција конфузните  цели на Трамп за надворешна политика треба да го загрижуваат и остатокот од светот " - коментира тој.

Вели дека треба да одговорат на предизвиците. 

Додава дека Европа треба да биде обединета и активна. 

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој треба да објави дали ќе се кандидира за втор мандат на изборите следната година, предупреди од своја страна дека Париз треба веднаш да почне преговори со Трамп за разјаснување на позициите за клучни меѓународни прашања.


Слично

Поврзани вести