Франција достигна рекордни 3,28 милиони невработени луѓе
Француското министерство за труд соопшти дека бројот на невработени во Франција достигна рекордни 3,28 милиони луѓе во јуни. По незначителниот пораст во мај,ова во јуни е за 11,2 проценти повисоко за период од една година. Станува збор за 26-ти последователен месец во кој се регистрира раст на невработеноста.
„По силниот скок на невработеноста во првите четири месеци на 2013 година, поумерениот раст на бројот на луѓе кои се без работа го потврди подобрувањето во борбата со невработеноста“, наведува мистерството за труд на Франција.
Сепак француските власти истакнуваат дека трендот на зголемување допрва треба да се заузда, што е една од клучните цели на претседателот Франсоа Оланд.
Слично
