Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција да ги повлече сите свои војници, бараат пучистите во Нигер

Франција да ги повлече сите свои војници, бараат пучистите во Нигер

Пучистите во Нигер бараат Франција да ги повлече сите свои војници.

Во Нигер расте притисокот врз француската амбасада да ги повлече воените единици од земјата. 

Пучистите веќе ги повлекоа потписите од неколку меѓудржавни договори, а се очекуваат протести пред зградата на амбасадата на Франција, пренесува Ал џезира.

Пучистите и членовите на воената хунта во Нигер, плашејќи се од меѓународна изолација, се откажаа од протерување дипломати од другите западни амбасади, освен францускиот амбасадор, кому му е наредено да ја напушти земјата до понеделник.

Франција не го признава протерувањето на својот амбасадор Силваин Ите од Нигер.

Државата објави дека не го признава налогот, сметајќи дека „пучистите немаат овластување“ да носат таква одлука. 

Франција во Нигер има 1.500 војници кои требало да им помагаат на властите во борбата против џихадистичките групи.

Тие групи, ограноци на Ал каеда и Исламска држава, со години прават нереди. 

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Нигер, Муса Салау Барму, кој беше назначен од бунтовниците, наредил вооружените сили на земјата да бидат ставени во максимална готовност.

foto EPA

Слично

Поврзани вести