Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција бега од САД - Ќе зајакне соработката со Русија и Кина

Франција бега од САД - Ќе зајакне соработката со Русија и Кина

Франција ќе води нова политика со која сака да ги затопли односите со Русија и Кина за да ги задржи актуелните економски соработки, но и да ја зголеми меѓусебната трговија, раст кој нема да биде така лесен ако на сила и натаму се американските санкции.

Според францускиот министер за финансии Бруно ле Мар, Франција засега нема услови еднострано да ги укине санкциите кои САД ги донесе заедно со ЕУ против Русија, а за тоа да нема поддршка од Брисел што ќе биде лош потег.

Сепак, ле Мар посочува дека иако САД им се блиски и први партнери на Европа, јасно може да се видат сите потешкотии.

„Спротивно е на нашата визија за мултилатерална глобална организација. Условите за тргање на санкциите според нас не се исполнети, но се надевам дека ситуацијата ќе еволуира“ посочи ле Мар критикувајќи ги САД за заканите со надворешни санкции од кои загуби трпат многу компании.

Франција може да изгради стабилен систем за тргување со Кина за надминување на досегашниот биланс од 167 милијарди долари. Според ле Мар тоа може да се постигне и преку подобри односи со Москва. 

Се очекува во јануари францускиот претседател да ја посети Кина при што ќе се разговара за нови економски проекти, а исто така ќе има иницијатива и за подобрување на односите со Русија за енергетските проекти.

Слично

Поврзани вести