ФРАНЦИЈА – „ГИ ВИДОВМЕ ВИСТИНСКИТЕ ЛИЦА НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ, ТИЕ СЕ УБИЈЦИ“: Се смирува ли конечно ситуацијата?
Немирите во
Франција се чини дека завршуваат по петдневните насилни протести како одговор
на пукањето и убиството на тинејџерот Нахел М за време на полициски контролен
пункт, објави денеска Би-Би-Си. Во неделата вечерта имаше затишје во
насилството и помалку апсења, но претседателот Емануел Макрон побара од
Министерството за внатрешни работи да одржи „масовно“ полициско присуство на
улиците.
Градоначалниците денеска повикаа да се одржат собири пред градските власти во знак на протест против насилството и грабежите. Во Нантер, родниот град на Нахел, градоначалникот Патрик Жари рече дека е задоволен што насилството стивнаа, но додаде дека „не смееме да го изгубиме од вид инцидентот што ја предизвика оваа ситуација и тековната потреба за правда“.
„Ги видовме вистинските лица на бунтовниците: тие се убијци...“
Подоцна попладнето, неколку стотици луѓе присуствуваа на митинг во L'Haÿ-les-Roses за поддршка на Винсент Жанбрун, градоначалникот чиј дом беше нападнат од демонстранти кои испукаа ракети врз неговата сопруга и децата кои бегаа, при што и е скршена ногата, а едно од децата е рането. Инцидентот се третира како обид за убиство.
Видно емотивниот Жанбрун рече: „Ги видовме вистинските лица на бунтовниците: тие се убијци... Сакаа да ја убијат мојата сопруга и моите две мали деца во сон со тоа што ги запалија живи“, мислејќи на втурнувањето запален автомобил во негова куќа.
Запалени автомобили, оштетени згради
Автобусите и трамваите во парискиот регион повторно ќе бидат ставени во застој вечерва, бидејќи претседателот Макрон побара од Министерството за внатрешни работи да одржи „масивно“ полициско присуство низ Франција за да гарантира „враќање на смиреноста“. Околу 45.000 полицајци се распоредени низ целата земја во текот на изминатите три ноќи и денеска ќе бидат повторно на улиците, потврди министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Во текот на викендот семејството на Нахел, тинејџерот кој беше убиен од полицијата, повика да се прекине насилството. Неговата баба ги обвини бунтовниците дека ја користат смртта на Нахел како изговор и ги повика да престанат да ги уништуваат јавните добра. Утре, претседателот Макрон ќе се сретне со градоначалниците на 220 општински области кои се погодени од насилството.
ФОТО: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA