Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Земјотрес на Суматра однесе стотина животи и срамни џамии

ФОТО+ВИДЕО: Земјотрес на Суматра однесе стотина животи и срамни џамии

Деведесет и две лица загинаа во катастрофалниот земјотрес во близина на брегот на провинцијата Ацех на индонезискиот остров Суматра, пренесе ДПА, повикувајќи се нови податоци на локалните власти.

Повредени се 300 луѓе,  а 73 од нив се во тешка состојба. 

Разурнати се најмалку 125 станбени згради, 105 продавници и 14 џамии. Потресот беше со јачина од 6.4 степени. 

Се организираат акции за спасување на луѓето кои се под урнатините. 

Најзасегнати се окрузите Пидие Џан и Пидие кои биле најблиску до епицентарот на потресот. По земјотресот имало најмалку 5 афтершокови. 






Слично

Поврзани вести