(ФОТО+ВИДЕО) Земјотрес на Аљаска уништи патишта, телевизија, прекина телефонски линии
Поради силен земјотрес на Аљаска е прогласена состојба на природна катастрофа.
Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ја погоди вчера. Земјотресот случи во близина на Енкориџ, во околу 8.30 часот наутро по локално време. Луѓето во паника бараа прибежиште.


Властите објавија предупредување за цунами, но во меѓувреме беше повлечено, а можно е да има и последични шокови.
Има прекинати телефонските линии, уништени патишта, а државниот гувернер прогласи состојба на природна катастрофа.
Поради потресот евакуирани беа училишта, а една телевизија е уништена. Оштетена е зградата и опремата. Локален жител напиша дека во овој период имаат 6 часа дневно светлина и се среќни што потресот се случи преку ден.
Слично
