Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Воз удри во железничка станица - десетици повредени

ФОТО+ВИДЕО: Воз удри во железничка станица - десетици повредени

Воз удри во железничката станица во Хобокен, Њу Џерси при што најмалку тројца загинаа, а има десетици повредени.

Причинета е и голема материјална штета. Во првите два вагони имало метеж затоа што сакале многу патници да се симнат. 

Несреќата се случила утрово, а од ударот паднал и дел од плафонот.

Блиските болници ги ставиле на располагање сите возила на местото на несреќата. На местото на несреќата беа пожарникарите и полицијата. 

Причината за несреќата што се случила околу 8.30 часот по локално време не е позната.

Терминалот Хобокен е важна станица за патниците кои патуваат од Њу Џерси кон Њујорк и обратно. Околу 50.000 луѓе секојдневно поминуваат на оваа станица. 






Слично

Поврзани вести