Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Вонредна состојба по серија силни земјотреси во Порторико

(ФОТО+ВИДЕО) Вонредна состојба по серија силни земјотреси во Порторико

По повеќе земјотреси, гувернерката на Порторико Ванда Васкес прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда, јави весникот „ Nuevo dija“.

Еден од земјотресите беше со јачина од 6,4 степени по Рихтеротвата скала.

Загинало најмалку едно лице, прекинато е снабдувањето со струја во поголем дел од островот и нанесена е голема материјална штета, известуваат властите и медиумите, пренесе „Ројтерс“.

Васкес кажа дека сите компании во јавниот сектор, освен оние кои даваат итни услуги, денес ќе бидат затворени. 

Објавено е предупредување за цунами, но подоцна е повлечено.

Силен земјотрес денеска имаше и во Индонезија. 

Островската држава сè уште се опоравува од катастрофалниот ураган „Марија“ од 2017 година, во кој загинаа околу 3.000 луѓе и беше уништен голем дел од инфраструктурата, а настрада и населбата во која е снимен спотот за популарната песна „Деспасито“.


Слично

Поврзани вести