Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) УЖАСОТ ВО ТАJВАН: Искривени згради, урнат хотел, луѓе под урнатини

(ФОТО+ВИДЕО) УЖАСОТ ВО ТАJВАН: Искривени згради, урнат хотел, луѓе под урнатини

Луѓето панично бегаа во Тајван кога земјата ја зафати земјотресот од 6,4 степени. 

Најмалку две лица загинаа, а над сто се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вечерва го погоди Тајван.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 9,5 километри, 21 километар североисточно од областа Хуалиен.

Засега нема предупредување за цунами.

Има и  згради кои се накосиле скоро под агол од 45 степени, а асфалтот на улиците испукал.

Светските медиуми објавија дека еден хотел е урнат и дека под урнатините останале „заробени“ повеќе луѓе. Би-би-си наведува дека островот Тајван се наоѓа во близина на место каде што се разделуваат две големи тектонски плочи и дека поради тоа често се случуваат земјотреси.



Слично

Поврзани вести