Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Уште еден град уништен во пожар, на Божиќ граѓаните спасуваа жива глава

(ФОТО+ВИДЕО) Уште еден град уништен во пожар, на Божиќ граѓаните спасуваа жива глава

Голем пожар го уништи градот Валапараисо во Чиле, а во тек е масовна евакуација. 

Огнот уништи најмалку 120 куќи. Се верува дека пожарот е подметнат. 

Прво се запалила шума, а потоа оган го зафатил и градот. 

Дури 90.000 домови се без струја. Огнот го гаснат пожарникари од повеќе градови. 

Валпараисо е град познат по шарени дрвени куќи, и е многу популарен за туристите. 

Поради пожарот прогласена е вонредна состојба. Оваа трагедија се случува додека Чилеаните го слават Божиќ. Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера изрази жалење за пожарот. 

Цел еден град од пожар деновиве е уништен и во Австралија. Куќите станаа пепел, а автомобилите се стопија. 


Слично

Поврзани вести