(ФОТО+ВИДЕО) УАПСЕНИ 27 ЛУЃЕ: Полицијата воспостави ред во Барселона
Полицијата ноќеска ја презеле контролата на улиците во Барселона и другите каталонски градови.
Растерани се демонстрантите кои шест часа го блокираа градот, а уапсени се 27 лица.
Немири имаше затоа што во понеделник се изречени затворски казни на каталонските лидери осудени заради организирање на референдум за независност во 2017 година.
Нереди имало и во други каталонски градови, а повредени се 89 лица од кои 60 во Барселона, соопшти брзата помош.


Пожарникарите ги изгаснале запалените контејнери кои на демонстрантите им служеле како барикади.
Вчера во Барселона се собрале вкупно 525.000 поддржувачи на независност на Каталонија да протестираат против пресудите за нивните лидери.
Тие бараат отцепување од Шпанија и ослободување на лидерите.
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одлучи јавно да проговори за случувањата во Каталонија и одлуката на шпанската влада да уапси некои поддржувачи на оваа покраина.
Во Барселона се одржуваат протести за независност на Каталонија, и токму поради нив е одложен и дерби натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Гвардиола истакна дека се надевам дека ќе се реши целата оваа ситуација затоа што има пријатели кои ги очекува девет години затвор.
фото ЕПА
