Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Трагедија во Кина - експлодираше магацин со експлозиви

ФОТО+ВИДЕО: Трагедија во Кина - експлодираше магацин со експлозиви

Во силна експлозија загинаа најмалку 10 лица, а ранети се над 150  во Кина, соопштија властите. 

Локалните медиуми посочија дека причина за инцидентот може да е незаконски магацин за експлозиви, пренесе Франс прес.

Експлозијата се случила во лимена колиба во градот Јолин во провинцијата Шенси. На снимката, објавени во државните медиуми, се гледа опустошен регион околу експлозијата, искршени стакла на згради, сив чад и окрвавени луѓе, од кои некои паднале на земјата.

На местото работат десетици пожарникари во потрага по преживеани меѓу урнатините. До објектот настанал кратер. 

Причината за експлозијата е непозната, но локалните жители изјавија дека станува збор за незаконски магацин за експлозиви.



Слично

Поврзани вести