Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Торнадо ја погоди Италија

ФОТО+ВИДЕО: Торнадо ја погоди Италија

Две лица загинаа вчера откако торнадо го погоди регионот северно од Рим, соопшти италијанската служба за цивилна заштита.

Во Рим познатиот Колосеум е под вода. 

Еден човек загина во Ладисполи, крајбрежен град во провинцијата Рим, на 50 километри северозападно од главниот град, а друг - во Чезано ди Рома, на околу 30 километри на север.

Тој починал во болница, откако паднале делови од зграда и го удриле.  Жртвата е од пакистанско потекло.

Има и друг починат како последица на стихијата во Чезано ди Рома. Голем број семејства се евакуирани и спасени. 

Повредени се неколку лица. Торнадото  ги однело покривите на зградите, кршело дрвја, уништило возила. Нарушен е железничкиот сообраќај во Ладисполи.




Слично

Поврзани вести