Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Tајфун уби 240 луѓе на Филипини, уште една земја ќе биде погодена

(ФОТО+ВИДЕО) Tајфун уби 240 луѓе на Филипини, уште една земја ќе биде погодена

Тајфунот Тембин кој предизвика лизгање на земјиштето и поплави во јужните делови на Филипините усмрти 240 лица, а многумина сѐ уште се сметаат за исчезнати.

Властите во земјата задолжени за справување со вонредни ситуации информираа дека бројот на загинатите на полуостровот Замбоанга на јужниот остров Минданао е 78 лица, додека во провинцијата Ланао дел Сур на истиот остров загинале 27 луѓе. Во северниот дел бројот на загинати е 135 лица.


Се смета дека многумина се закопани живи и сè уште се под урнатините на куќите.

Повеќе од 52.000 луѓе ќе останат евакуирани, а голем број луѓе останаа без своите домови.

Се очекува Тембин во наредните часови да го погоди и Виетнам.

Во јужниот дел на Виетнам веќе се затворени училиштата. 

62.000 рибарски бродови се опоменати да не излегуваат на море. 


Слично

Поврзани вести