(ФОТО+ВИДЕО) СРПСКИ ТУРИСТИ ВО ПАРИЗ: Глувци го преплавија градот, сите се плашат
Високиот водостој на реката Сена во Париз ги исплаши и српските туристи кои сега се во француската престолнина.
Граѓаните се подготвуваат да се заштитат во случај на поплава.
„Некои метро станици не работат веќе 7 дена. Сите се во чудо и предупредуваат на опасност. Сите се плашат“ - вели Марина Станојевиќ.
Околу 700 луѓе во регионот Клиши се без топла вода и лифт.




На периферија на градот околу 1500 семејства се без струја и се очекува дека така ќе биде и во наредните денови.
Српските туристи раскажуваат дека градот е преплавен од глувци.
Нивото на реката Сена достигна рекордни шест метри, што го активираше алармот за поплави.
Речното корито се излеа во неколку делови од Париз и поплави подруми, градинки и трговски центри.
Поради надојдената стихија, блокиран е и сообраќајот а затворен е и музејот Лувр.
242 града се поплавени во Франција.
