Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Паднаа над 2000 дрвја, а еден човек загина

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Паднаа над 2000 дрвја, а еден човек загина

Во снежнoто невреме кое  ја зафати Москва за време на викендот загина едно лице. Откажани се неколку авионски летови, а руските власти прогласија „снежен ден“.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собианин, преку Твитер информираше дека повеќе од 2.000 дрвја паднале во Москва поради големите врнежи и снегот.

62 сантиметри снег паднал за време на викендот.

Поради снегот имаше и десетици сообраќајни несреќи во кои повредени беа над 20 луѓе.

Руските власти информираа дека 1.2 милиони кубни метри снег е исчистен од улиците на Москва, а над 60.000 домаќинства се без електрична енергија.

Над 100 авионски летови се одложени, а најмалку 30 летови се откажани.

Во наредните неколку дена, во Москва се очекуваат врнежи од снег.


Слично

Поврзани вести