Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕЖНА АПОКАЛИПСА ВО ПАРИЗ: Блокирана е и Ајфеловата кула

(ФОТО+ВИДЕО) СНЕЖНА АПОКАЛИПСА ВО ПАРИЗ: Блокирана е и Ајфеловата кула

Градот на светлината е блокиран од врнежи од снег. 

Компанијата која управува со Ајфеловата кула, ја затворила вчера поради временските услови.

Во Франција има колони од возила долги повеќе од 700 километри во Париз и околината, стотина заробени камиони. 

Снегот го отежнал возењето на запад и североисток, преку регионот Париз, вели Метеоролошката служба. 

Во Париз и околината има 739 километри заглавени возила, вели авто-мото службата „Ситаден".

Автобусите кои возат низ Париз и предградието се порано вратени во своите станици. Денеска немало ни училишен превоз во повеќе делови на земјата. 


22 региони во Франција, вклучувајќи и 8 во Париз, во понеделникот објавиле "предупредување за големи студови" и обезбедиле сместување за бездомниците.

Температурите ќе паднат до - 10 степени. 

Неодамна француската престолнина беше погодена од поплави. 


Слично

Поврзани вести