Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Силен земјотрес во Италија - метроата во Рим евакуирани

(ФОТО+ВИДЕО) Силен земјотрес во Италија - метроата во Рим евакуирани

Силен земјотрес во 10.25 часот  ја погоди централна Италија. 

Метроата во Рим се евакуирани. 

Потресот со јачина од 5,4 степени го погоди италијанскиот град Рим. Земјотресот е почувствуван низ Лацио, Абруцо и Марке.

Тој бил регистриран на 111 километри североисточно од Рим, на длабочина од 10 километри, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот е меѓу градовите Аквила, каде што повеќе од 300 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес во 2009 година  и Риети.

Досега нема информации за повредени или за оштетени згради, според Ројтерс.

Проблем плус за погодените области се снегот и ниските температури. 

Лани во август земјата беше погодена од серија земјотреси. 




Слично

Поврзани вести