Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Што се е уништено по земјотресите во Италија?

ФОТО+ВИДЕО: Што се е уништено по земјотресите во Италија?

Два силни земјотреси ја погодија доцна синоќа централна Италија, уништувајќи десетици згради.

Улиците во провинцијата Мачерата се исполнија со исплашени луѓе, откако првиот потрес од 5,5 степени по Рихтер го погоди местото во 21.18 часот по локално време. Се очекува властите да ги проценат штетите. 


„Сакам да им се заблагодарам на оние кои работат во дождот во погодените зони. Цела Италија ги прегрнува силно луѓето кои повторно настрадаа "- напиша на „Твитер ", италијанскиот премиер,  Матео Ренци. 

Земјотресите се почувствувани и во Рим, каде што голем број на врати и прозорци на згради се урнати.

Се очекува денеска да стане јасно какви се разурнувањата и во градот Камерино, кој исто така е погоден. Очевидец раскажува дека се распаднале две цркви и многу куќи се исто уништени. Во Кампо, регион Умбра, црквата Сан Салваторе од 15 век исто е уништена.


Ова се случува само по два месеци откако моќен земјотрес ја  потресе јужна Италија, при што загинаа 298 лица. Земјотресот од 6,2 степени по Рихтер го уништи градчето Аматриче.

Десетици луѓе побарале медицинска помош синоќа по земјотресите. 




Слично

Поврзани вести