Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО+ВИДЕО: Се удави девојка во Малага, делови од Шпанија поплавени

ФОТО+ВИДЕО: Се удави девојка во Малага, делови од Шпанија поплавени

Една девојка загина во поплавите во шпанскиот град Малага, објавија локалните медиуми. 

Жртва е 26-годишна девојка која живеела во општина Естепона во Малага. Засега не е позната точната причина за смртта на девојката, за која се знае само дека починала додека била во водата.

Претходно беше соопштено дека централните делови на Малага, како и други населени места во истоимената провинција се во тешка состојба поради поплавите. Локалната спасувачка служба има регистрирано над 200 случаи на несреќи и инциденти. Најтешка останува ситуацијата во Марбела, Картама и Естепона. На многу места движењето останува тешко. На некои места водата е до покривите. 


Слично

Поврзани вести