(ФОТО+ВИДЕО) Повредени над 60 млади во стампедо во Австралија
Повеќе од 60 лица на возраст од околу 20 години се повредени во стампедо на музичкиот фестивал Falls Festival во австралискиот град Лорн, информира денеска полицијата.


Според локалната полиција, стампедото се случило кога посетителите на фестивалот се обиделе да излезат во зоната каде што настапувала локалната грипа DMA, и да се упатат кон сцената на којашто настапувал британскиот бенд London Grammar.

Како што пишува порталот, разгневените родители на настраданите тинејџери испраќале пораки до организаторите на фестивалот преку официјалната страница на Facebook за да добијат повеќе информации, затоа што не можеле да стапат во контакт со своите деца, но не добиле одговор.
Годишното издание на фестивалот во Лорн, во сојузната држава Викторија, привлекол повеќе десетици илјади млади. Просторот за посетителите е лоциран на голем тревник на чиј крај е главната сцена каде настапуваат музичарите.
