Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САХАРА: Неверојатна глетка во Мароко

(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САХАРА: Неверојатна глетка во Мароко

Поплави има во Сахара. 

Врнежите предизвикаа поплави, а езерото кое се излеа пред половина век се наполнило со вода, објави „Дејлимејл“. Мароканските власти изјавиле дека дождот што паѓал два дена ја надминал количината на врнежи што паѓа во овој регион за повеќе од една година. Во Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележани се повеќе од 100 милиметри дожд во период од 24 часа. Сателитите на НАСА покажале како вода тече во езерото Ирикуи, познатото езеро меѓу Загора и Тата кое пресушило пред 50 години.

Пустинскиот дел на југоисточниот дел на Мароко е едно од најсувите места во светот и овде скоро никогаш не врне дожд кон крајот на летото. Во некои области наврнале повеќе од 250 милиметри дожд на метар квадратен.


Слично

Поврзани вести