Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВА „ГОЛТНА“ КУЌИ: Најмалку пет луѓе загинаа

(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВА „ГОЛТНА“ КУЌИ: Најмалку пет луѓе загинаа

Пет лица загинаа во поплави во Калифорнија, a неколку илјади жители на областите Санта Барбара и Вентура се евакуирани поради опасност од лизгање на земјиштето.

Калифорнија е погодена од силни дождови предизвикани од студениот бран што го зафати целиот Западен брег во САД.

Возачите се предупредени да бидат подготвени за влошена видливост и силни удари на ветер и да возат внимателно. На луѓето им се советува да не излегуваат од куќите. 

Луѓето раскажуваат дека од дождовите се создале цели реки. На улиците има дебел слој од кал и паднат дрвја. Многу луѓе се без струја во домовите.  Според метеоролозите можно е да наврнат дождови повеќе од вкупните количини за 10 месеци. 

Поплавите во Калифорнија доаѓаат по големите шумски пожари во кои загинаа 44 лица во октомври.


Слично

Поврзани вести