Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ПАРИЗ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО: Ваков потоп немало во последните 100 години

(ФОТО+ВИДЕО) ПАРИЗ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО: Ваков потоп немало во последните 100 години

Париз ќе се соочи со најголемата поплава за период од 100 години. 

Во некои подруми во градот водата веќе проби по обилните дождови. Музејот Лувр денеска е затворен за посетители, а парижаните се предупредуваат да се држат понастрана од Сена затоа што нејзиниот водостој постојано расте. Реката ги поплави околните патишта и предизвика прекин во градскиот јавен превоз, пишуваат медиумите. Нивото на реката Сена е четири пати поголемо од вообичаеното.

Прекинат е и целиот речен сообраќај бидејќи бродовите неможат да поминат под мостовите, а граѓаните кои живеат на бродови се предупредени на голема опасност што ја носи надојдената река.

Парижаните се предупредуваат на голем број стаорци кои шетаат по улиците на Париз откако водата ги поплави подземните простории на зградите.

Оваа поплава се очекува да направи штети за 17 милијарди евра. 

Последен пат страшна поплава во Париз имало во 1910 година. 

На градот ќе му бидат потребни седмици за да се врати во нормала. 


Слично

Поврзани вести