Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Париз се бори со поплави - водата е над 5.5 метри

(ФОТО+ВИДЕО) Париз се бори со поплави - водата е над 5.5 метри

Француската престолнина се бори со поплави.

Во Париз денеска на барање од градските власти се затворени неколку тунели, паркови и долниот дел на музејот Лувр, затоа што водостојот на реката Сена се зголемува.

По поројните дождови, Сена се излеа на неколку места, поради што се евакуирани жители од повеќе куќи.

Во источниот дел од градот, Сена синоќа достигна висина од 5,53 метри. Се очекува во текот на викендот да биде над шест метри.

За јавност до недела ќе биде затворено долното ниво на Лувр. Сепак, музејот не планира да ги разместува експонатите, како што беше случај кога во 2016 година градот го погодија големи поплави.

Освен Париз, останатите загрозени региони се наоѓаат на северот и истокот од земјата, а четири департмани во централна Франција се под аларм поради снег и лед.

Метеоролошката служба објави дека за поплавите се виновни долготрајните врнежи од дожд, наведувајќи дека количеството на врнежи во Париз било двапати повеќе од вообичаеното.


Слично

Поврзани вести