Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) ПАНИКА ВО ШПАНИЈА: Ова е епилогот од нападот

(ФОТО+ВИДЕО) ПАНИКА ВО ШПАНИЈА: Ова е епилогот од нападот

Повеќе од три лица загинаа, а 25 се повредени во терористичкиот напад што денеска се случи во шпанскиот град Барселона, кога комбе влета во топла луѓе. 

Меѓу ранетите има и деца. 

Две вооружени лица држеле заложници откако претходно излегле од комбето, кое удри во пешаци кои се затекнаа на плоштадот Лас Рамблас, пишуваат тамошните медиуми. 

Полицијата е во потрага по возачот на комбето, кој веднаш побегнал од местото на инцидентот.


Според полицијата во Барселона  инцидентот е терористички напад.

Нападот се случил во Лас Рамблас, популарно место во реонот на Плаза Каталонија.

Локални медиуми јавуваат дека се слушнале и истрели на пазарот Бокерија во Барселона и дека две вооружени лица се забарикадирани во ресторан на плоштадот во Барселона по инцидентот со минибусот.

Полицијата го блокираше реонот, а на местото на инцидентот има осум возила на брзата помош.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот.

Упатен е апел граѓаните да го избегнуваат ова популарно туристичко место. Запрени се сите метро линии, а тие што се нашле во овој реон се засолнуваат во околните згради.

Станува збор за терористички напад кој потсетува на тој во Лондон. 

Слично

Поврзани вести