Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО+ВИДЕО) Огромна дупка со пречник од 25 метри се појави во Чиле

(ФОТО+ВИДЕО) Огромна дупка со пречник од 25 метри се појави во Чиле

Несекојдневен настан се случи во Чиле, каде се отвори огромна дупка во земјата. 

Властите почнаа истрага за мистериозната дупка со пречник од околу 25 метри која за викендов се појавила во рударско подрачје на северот од Чиле.  Дупката  е длабока околу 200 метри, а се отворила во близина на кандскиот рудник за бакар „Лундин Мининг“.

„Не откривме никаков материјал, но видовме присутност на голема количина вода“, изјавил директорот на Националната служба за геологија и рударство, Давид Монтенегро.

Подрачјето до влезот на рудникот се затвора.


Слично

Поврзани вести