ФОТО+ВИДЕО: Огромна дупка „голтна“ улица и уште се шири
На булевар се отвори дупка во близина на главната железничка станица во јужна Јапонија.

Дупката се појави кај станицата Хаката во градот Фукуока на јапонскиот остров Кјушу во 5:15 часот по локално време и постојано се зголемува. При уривањето, биле пресечени електрични кабли и дошло до прекин на електрината енергија на меѓународниот терминал на аеродромот во градот, кој е на два километри од железничката станица. Властите почнаа евакуација на жителите на околните згради, откако се појавија информации дека може и тие да пропаднат. Во овој дел на градот се чувствува мирис на гас.
Се препотставува дека причина за инцидентот е изградба на подземна железничка мрежа. Ризик постои за објектите кои се во близина и кои може да бидат „проголтани“.
